Икарди задолжен за голови

68

Иако поголемиот дел од медиуми ја пласираа информацијата дека Галатасарај ќе биде следната негова дестинација, сега истите пишуваат дека лутиот градски ривал, Фенербахче, ќе биде новиот клуб на аргентинскиот интернационалец од редовите на актуелниот шампион на Франција, тимот на ПСЖ, Мауро Икарди. Искусниот напаѓач веќе е информиран дека може слободно да си пронајде нова средина, а челниците на Фенербахче сакаат прво да го позајмат, а потоа да го откупат неговиот договор.