Изложба на Дита Старова Ќерими во КИЦ 

213

Во Изложбениот салон – Империјал 1 при Културно-информативниот центар во Скопје на 9 декември ќе ќе биде отворена изложба на слики од ликовниот уметник Дита Старова Ќерими. На изложбата, авторката ќе се претстави со 15 дела, работени во техника акрилик на платно, создадени последниве години.

Д-р Дита Старова-Ќерими (1984) е директорка на Националната галерија на Македонија, афирмирана академска сликарка и педагог и доцент на Факултетот за архитектура и дизајн при Универзитетот „Американ колеџ“ – Скопје. Во својата досегашна професионална биографија има реализирано 14 самостојни и над 50 групни изложби во Македонија, САД, Франција, Турција, Бугарија, Косово. Добитничка е на наградата „13 ти Ноември“, на наградата „Методија Ивановски Менде“ на изложбата „Мал формат“ 2012, на признанието „СИАБ“… Нејзини дела се наоѓаат во колекциите на МСУ и на Националната галерија на Македонија, како и во колекции во Канада, Турција и Франција. Член е на ДЛУМ, на Здружението на уметници „Аrt Vizion“, на Здружението на уметниците на Македонија „Драудакум“. Функцијата директорка на Националната галерија Старова Ќерими ја извршува од 2015 година.

Изложбата ќе може да се види до 22 декември.