Голманот на шведската ракометна репрезентација Андреас Паличка, наскоро би можел да се врати на голот на својот клуб Рајн Некар Левен. Поради повреда на коленото, 34-годишниот голман беше надвор од терените повеќе од еден месец.

Тој сега ќе се врати за да ѝ помогне на екипата да ја продолжи победничката серија во европските настапи. Паличка не беше дел ниту од шведската репрезентација во квалификациите за Европското првенство во 2022 година против Романија и Косово.