Зошто е опасна забраната за абортус?

60

Првиот нацрт на мнозинското мислење што протече во јавноста сугерира дека американскиот Врховен суд гласал за поништување на одлуката „Ро против Вејд“ – со што е легализиран абортусот, јави Политико во понеделникот. Иако е подложен на промени, многумина се прашуваат дали пресудата, сепак, ќе биде поништена во месеците што следуваат. Досега, 13 американски држави донесоа закони со што абортусот автоматски ќе се забрани, доколку пресудата се поништи.

Зошто е опасна забраната за абортус?

Кога ќе се погледнат податоците на располагање, се забележува дека забраната не доведува до намалување на бројот на абортуси. Доколку жените немаат право на абортус, тоа може да остави сериозни последици врз нивното здравје.

Стапките на абортуси веќе опаѓаат

Стапките на абортуси се намалуваат од 1980 година, покажуваат најновите податоци. Статистичката анализа покажува дека, до опаѓање, не дошло поради рестриктивните закони за абортус, што се релативно во пораст, ами заради намалувањето на несакана бременост.

Абортусите се сè поретки, но, наталитетот и понатаму не е во пораст.

Забраната не е најдобар начин за да се спречи абортус

Истражувањата покажаа дека најефикасниот начин за намалување на несаканата бременост, е, да се зголеми пристапот до ефикасна контрацепција. Одредени држави, како некои во Латинска Америка и на Карибите, имаат најрестриктивни закони, но и понатаму имаат висока стапка на абортуси, веројатно затоа што луѓето таму немаат пристап до репродуктивна здравствена заштита.

Доколку е достапна бесплатна контрацепција, стапката на абортуси може да се намали за над 70 отсто, покажа една американска студија. Во многу држави што сакаат да го забранат абортусот, контрацепцијата е тешко достапна.

Постојат многу малку податоци на располагање околу абортуси, од времето кога тоа било нелегално во САД, па затоа, тешко е да се каже дали, олеснетиот пристап ја зголемил веројатноста да се дојде до прекин во бременоста. Popsci пишува дека бројките на нелегални абортуси и починати бремени жени, значително паднале во САД, но, паднала и стапката на наталитет.

Сепак, според истражувања во други земји, полиберални закони за абортус не доведуваат до зголемување на нивниот број. Истовремено, анализа од години непосредно пред и по пресудата „Ро против Вејд“, сугерира дека, доколку абортусот некаде е овозможен, луѓето кои имаат желба и средства, ќе го направат тоа – дури и ако има потреба да се преминат државни граници. Ограничување на пристапот до абортус, во некои држави, првенствено ќе влијае врз здравјето и доброто на младите и сиромашни лица.

Пристапот до абортус ги подобрува здравствените резултати

Popsci се повикува на извештај од Националната академија на науките, инженерството и медицината за 2018 година, што пак тврди дека четирите главни методи на абортус, користени во САД, се безбедни. Тука е вклучен и медицинскиот абортус, што се потпира на орални лекови, пациентот може да ги земе во сопствениот дом.

Извештајот предупредува дека вообичаените ограничувања на правата на абортус, како што е периодот на чекање за постапката, доведува само до тоа, безбедноста да стане ризична.

Исто така, голем број студии покажаа дека тие кои сакаат да извршат абортус и имаат пристап, се поздрави и финансиски постабилни, отколку оние кои би ја прекинале бременоста, но, немаат можност.

Според економисти, без значително зголемување на социјалната и финансиска поддршка за новите родители во САД, недостиг на пристап до абортус, неизбежно ќе им наштети на изгледите за кариера и финансиска независност на лицата, кои може да останат бремени. Сиромаштијата ги зголемува здравствените ризици.

Абортусот не е ништо ново

Абортусот не секогаш се сметаше за нешто политичко, па дури и религиозно прашање. Позитивни и неутрални мислења за прекин на бременоста датираат илјадници години наназад. Идејата законски да се забрани абортусот во САД се појавила во средината на 1800-те.

Американското Здружение на лекари сега го поддржува правото на сигурен пристап до абортус, но, во минатото, се обидуваше да го оспори. Многумина историчари сега сугерираат дека борбата за криминализирање на абортусот, има поголема врска со демонизирање на акушерки и идни лекари, во корист на растечката класа на машки гинеколози и акушери, кои оваа пракса ја карактеризираа како варварска, пишува Popsci.