Швајцарката Матилда Гремо освои златен медал на Зимските олимписки игри во Пекинг во скијање во слободен стил. Таа освои вкупно 86,56 поени доволни за златниот медал на Игрите во Пекинг, откако претходно ја освои бронзата во дисциплината биг ер.

Среброто и припадна на домашната натпреварувачка Ајлин Гу (86,23), која порано го освои златото во биг ер, додека Естонката Кели Силдар стигна до бронзата со 82,06 поени.