Зимски атак врз Симакан

75

Италијанскиот калчо гигант Милан ќе се обиде и за време на зимскиот преоден рок да ги осигура услугите на стандардниот првотимец во дресот на францускиот прволигаш Стразбур, Мохамед Симакан. Техничкиот директор на „росонерите“, Паоло Малдини, потврди дека се сериозно заинтересирани за услугите на францускиот интернационалец кој пак јавно призна дека му се допаѓа идеата да се пресели на „Сан Сиро“.