Ди Марија ќе игра за Интер

150

Се погласни се шпекулациите дека италијанскиот калчо гигант Интер ќе биде следната дестинација на аргентинскиот интернационалец од редовите на актуелниот шампион на Франција, тимот на ПСЖ, Анхел ди Марија. Крилниот напаѓач на крајот од актуелната сезона ќе има статус на слободен фудбалер, а италијанските медиуми открија дека раководните лица на Интер на Аргентинецот му понудиле 3-годишен договор вреден 20 мил. евра.