Зимата сè уште не го кажала своето – нов продор на студ на крајот не февруари

13166

„Зимата сè уште не го кажала своето“, вели босанскиот метеоролог Недим Сладиќ и додава дека сега се случува нешто што повеќе влијае на стратосферата отколку на атмосферата. Сепак, овие настани може да имаат свое заедничко влијание на крајот на февруари и почетокот на март. Една од причините зошто не можеме да ја отпишеме зимата на нашите простори е токму ваквото однесување на поларниот вител, објасни метеорологот.

„Благодарение на она што може да се види со набљудувањето на неговото однесување – може да се каже дека нов студ треба да очекуваме веќе на крајот на февруари. Но, сепак, како што вели Сладиќ, ќе треба да видиме колку ќе трае и дали ќе има нови врнежи од снег.

Сладиќ додава дека споменатиот момент на крајот на февруари ќе одлучи во кој правец ќе оди пролетта. Со оглед на годините на кои оваа година најмногу потсетува, може да се зборува за малку потопла пролет од просечната, особено во нејзиниот втор дел.

Сепак, не треба да се исклучат ладни продори, особено не на почетокот на март. Нешто поголемо количество на врнежи треба да се очекува, особено кога станува збор за локални врнежи во вториот дел од пролетта.