Земјотрес од 5,2 степени ја погоди Индонезија

120

Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди областа во близина на брегот на Индонезија, соопшти Американскиот геолошки институт (USGS).

Земјотресот се случил на длабочина од 38,7 километри, а епицентарот бил на 151 километар северозападно од индонезискиот град Тобело на островот Халмахера.

Засега нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета.