Зеленски подготвен за разговор со Путин

905

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изјави дека и понатаму е подготвен да разговара со рускиот претседател Владимир Путин без посредник.

„И понатаму сум решен и одлучен во таа намера, без оглед дали го сакам тоа или не. Подготвен сум за директни разговори со Путин, доколку постои намера сериозно да се разгледа прекинот на војната“ – рече Зеленски во интервју за Financial Times.

Зеленски нагласи дека не е време со Москва да се разговара за било што друго што не се однесува на прекин на судирот, вклучително и за можното приближување на Украина кон НАТО.

„Ако не сме во НАТО, тоа значи дека на нашата територија нема да има воени бази на други земји, а доколку вие сакате да не примите, тогаш ве молам да не повикате, но нагласувам дека тоа во овој момент не е тема на разговор“ – вели Зеленски.