Еден полнач за сите телефони во ЕУ

320

Сите нови апарати на пазарот во Европската унија од есен 2024 ќе мора да имаат влез USB-C за единствен полнач, за да се намали електронскиот отпад, договорија денеска Советот на Европа, Европската комисија и Европскиот парламент.

Мобилните телефони, таблети, е-читачи, дигитални камери, конзоли за видеоигри и портабл звучници кои се полнат на кабел ќе мора да имаат влчез USB од типот Ц, без разлика на нивниот производител, се наведува во соопштението. Во него се додава дека лаптопите ќе имаат рок од 40 месеци да се приспособат на новите барања.

Производител кој ќе мораат да направи најзначајни промени е Apple кој беше против овој предлог во септември.

Директивата за единствен полнач треба да биде усвоена на пленарна седница во јули.