Зеленски:Да беше Украина членка на НАТО, немаше да има војна

216

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека војната со Русија можела да се спречи доколку Украина била членка на пактот на НАТО пред почетокот на војната.

„Да беше Украина дел од НАТО пред војната, немаше да има конфликт“, изјави Зеленски пред студентите на Универзитетот за наука во Париз, пренесе Ројтерс.

Британската новинска агенција наведува дека рускиот претседател Владимир Путин неколку пати повторил дека ризикот од влез на Украина во НАТО ја оправдува воената операција врз соседната земја, која започна на 24 февруари.