Контроверзниот сопственик на италијанскиот калчолигаш Наполи, Аурелио де Лаурентис даде зелено светло за продажба на шпанскиот интернационалец Хозе Каљехон и на репрезентативецот на Белгија, Дрис Мертенс.

Двајцата на крајот од актуелната сезона ќе имаат статус на слободен играч и поради таквата ситуација, сопственикот на Наполи се одлучи за нивна продажба.

Офанзивните играчи за врска веќе добија неколку примамливи понуди од клубовите кои се натпреваруваат во кинеската Супер лига.