Ако им се верува на британските медиуми, тогаш најтрофејниот клуб во Премиер лигата, Манчестер Јунајтед, ќе излезе како победник во трката по потписот на данскиот интернационалец од редовите на Тотенхем, Кристијан Ериксен.

Искусниот играч за врска има договор до крајот на актуелната сезона и веќе ги информираше клупските челници дека не сака никакво продолжување на соработката.

Неговата преселба на „Олд Трафорд“ може да се случи и во јануари доколку официјалната понуда за неговите услуги не биде помала од 20 мил. евра.