Зелено светло за Караско

154

Белгискиот интернационалец од редовите на шпанскиот гигант Атлетико (М), Јаник Фереира Караско, е најновата желба на раководните лица на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед. Менаџерот на „црвените ѓаволи“, Ерик тен Хаг, веќе има дадено зелено светло за можниот трансфер на крилниот напаѓач, но шпанските медиуми открија дека официјалната понуда не смее да биде помала од 40 мил. фунти.