За неколку месеци ќе биде отворен екокампот кај езерото Младост

47

Се очекува за неколку месеци да бидат отворени екокампот со парк и платформата за набљудување птици на дел од езерото Младост.

Градоначалникот на Општина Велес, Марко Колев, го одржа првиот работен состанок со претставниците на Друштвото за трговија и услуги, кои на електронското јавно наддавање понудија највисока цена од 93.516 денари месечна закупнина.

– Во наредните месеци, активно ќе се работи на уредување на просторот согласно со идејното решение, со цел објектот да стане атрактивно место за домашните и за странските посетители – соопштија од Општина Велес.

Општина Велес го даде под закуп екокампот на езерото Младост. Друштвото за трговија и услуги „Алл ин“ ДООЕЛ Велес е концесионерот што, по завршувањето на јавниот оглас и на сите административни процедури, во наредните 10 години ќе стопанисува со овој објект.