За картичките и за ваучерите за туризам нема лично да се аплицира

344

За картичките за купување домашни производи и за ваучерите за туризам, кои се дел од третиот пакет антикризни мерки најверојатно нема да се аплицира лично, туку корисниците ќе се таргетираат според базата на Управата за јавни приходи, информира министерката за финансии Нина Ангеловска.

Таа посочи и дека Министерството за информатичко општество и администрација работи на тоа секој граѓанин со впишување на матичниот број да може да провери дали и колкава државна помош му следува.

Инаку, според неа, и картичките и ваучерите ќе бидат подготвени во јуни или јули, а ваучерите ќе можат да се користат до крајот на годинава.

За картичките рече дека ќе бидат сетирани така што нема да може да се подигнуваат средства од банкомати и ќе бидат исклучиво наменети за купување домашни производи.

(С.В.)