За две недели во Шуто Оризари ќе има матичен лекар и матичен гинеколог

41

Министерот за здравство Венко Филипче очекува за две недели жителите на Шуто Оризари да добијат матичен лекар и матичен гинеколог.

Како што рече денеска Филипче, во Шуто Оризари ќе има поликлиника со тимови на лекари и медицински сестри, а аплицирала приватна здравствена установа.

Тој изрази задоволство што конечно е најдено решение за таков, напомена, сериозен проблем.

– Заврши постапката за набавка на опрема за гинеколошката ордианција, докторот кој имаше определен рок да најави дека ќе го напушти работното место во една од приватните болници, бидејќи е при крај со административната постапка за регистрација на гинеколошката амбуланта. Во оваа недела или две што се пред нас ќе се заврши и постапката за закуп од страна на поликлиниката на таа ординација која е дел од Здравствениот дом – Скопје и верувам дека, практично, истовремено за граѓаните од тој дел на градот ќе имаат дефинитивно решено прашање – матичен лекар и матичен гинеколог. Ние сме тука, ќе помогнеме се што треба за да се забрзаат процедурите, vерувам дека брзо ќе биде – истакна Филипче.