Корона вирусот досега во САД има однесено повеќе животи отколку шпанската треска во текот на 1918 и 1919 година, покажуваат податоците што ги објави Универзитетот Џонс Хопкинс.

Во САД починале повеќе од 675.700 луѓе заразени со коронавирусот, покажуваат најновите податоци објавени вчера навечер.

Историчарите и Центарот за превенција и спречување на болеста, главната американска агенција за јавно здравје, оценуваат дека шпанската треска на почетокот од минатиот век усмртила најмалку 50 милиони луѓе во светот, меѓу кои 675.000 во САД.

Така, шпанскиот грип, барем според апсолутните вредности, во понеделникот ја загуби „титулата“ најсмртоносна пандемија во поновата историја на Соединетите Американски Држави.