Еден од најдобрите фудбалери во светот, Ерлинг Халанд, во интервју за норвешкиот „ВГ“ ги наведе напаѓачите за кои мисли дека се подобри од него.

На списокот се Кристијано Роналдо, петкратен освојувач на „Златната топка“ и фудбалер, кој пристигна во Манчестер Јунајтед ова лето, Роберт Левандовски од Баерн, Хари Кејн од Тотенхем, Роберто Фирмињо од Ливерпул, Серхио Агуеро од Барселона и Тимо Вернер од Челзи.

Многумина на социјалните мрежи коментираат дека листата на Халанд е погрешна. На неа нема играчи како Килијан Мбапе, Луис Суарез, Карим Бензема и Ромелу Лукаку, а Халанд ги наведе Агуеро, кој минатата сезона беше во втор план во Сити, и Вернер, кој е резерва на Лукаку.

Дваесет и едногодишниот Халанд, чија вредност се проценува на 130 милиони евра, веќе постигна 11 гола на осум натпревари оваа сезона.

Инаку, извршниот директор на Борусија од Дортмунд, Ханс-Јоаким Вацке, изјави дека е речиси неверојатно да го задржат Халанд во своите редови за наредната сезона. За него заинтересирани се брјони европски клубови како Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, а се очекува Норвежанецот да биде еден од најскапите фудбалери при евентуален трансфер.

  • Секако дека ќе биде тешко. Ќе направиме се што можеме за да ги задржиме нашите најдобри играчи. Мораме да веруваме во себе и да кажеме дека можеме повторно да најдеме напаѓач од прва класа, истакна Вацке за германските медиуми.