Засега седум случаи на заболени од коронавирус, 12 лица се тестираат

56

На Инфективна има седум пациенти, сите се со стабилна лесна клиничка слика, нема потреба никој од механилка вентилација. Според министерот Венко Филипче првата пациентка која беше заразена со коронавирус следните денови ќе биде пуштена дома поради здравствената состојба која покажува дека е веќе негативна на вирусот.

-Во овој момент дванаесет лица се тестираат на коронавирус на инфективната клиника,а двајца од нив патувале во Италија.Тие се вратиле пред пет дена а утрово развиле симптоми на грип-вели министерот Филипче и дополнува дека се тестираат и осум лица од Дебар кои се соседи на пациентите кои веќе се на инфективната клиника со коронавирус со кои имале контакти.

Пациент со знаци на грип од Кочани кој патувал во Италија и еден пациент кој е испратен преку центарот за здравје во Прилеп, исто така се тестираат.

Во текот на денешниот ден сите резултати ќе бидат готови.

Според министерот засега лицата што биле во контакт со заразената докторка се здрави и ниту еден од нив не се пожалил на сомнителни симтоми.

(В.Ма.)