Леон Горецка пред година и пол ги засили редовите на актуелниот шампион на Германија, тимот на Баерн (М) и тоа како слободен играч од редовите на Шалке. Во изминатата сезона, кога беше трениран од хрватскиот стручњак Нико Ковач,  имаше статус на стандарден првотимец, но во актуелната сезона се почесто ја грее клупата за резервни фудбалери.

На последните два натпревара во Лигата на шампиони доби само четири минути, а во германската Бундеслига, последен пат кога одигра цел натпревар беше дуелот против Херта одигран во јануари. На тој дуел репрезентативецот на Германија запиша две асистенции. Во изминатиот месец, сите натпревари ги стартуваше од клупата за резервни играчи, а тоа беше доволна причина за да јавно признае дека е незадоволен од својот статус на „Алијанц арена“.

  • Мислам дека сум во фантастична форма, во најдобрата форма кога е во прашање мојата кариера. Нормално дека не сум среќен кога не сум дел од првиот тим. Секогаш тоа ќе го кажам, искрено и отворено. Сепак, последниот збор го има тренерот и јас ќе ја почитувам секоја негова одлука, изјави 25-годишниот играч за врска.

Горецка има договор со баварскиот гигант до јуни 2022 година. Кога е во прашање актуелната сезона репрезентативецот на Германија има одиграно нешто повеќе од 1.000 минути, а постигна пет гол и запиша шест асистенции.