ЗАМРЗНАА ПИСТИТЕ: Леден дожд ги сопре сите летови на аеродромот во Минхен

207

Аеродромот во Минхен денеска ги откажа и ги одложи сите летови до пладне бидејќи замрзнатиот дожд и студениот бран што ги намали температурите во регионот ги замрзна пистите.

Вториот по големина аеродром во Германија соопшти дека ги откажува или одложува сите летови од 6 часот наутро до пладне и предупреди дека и подоцнежните летови би можеле да бидат откажани доколку продолжат тешките временски услови.

„Пистите и паркингот на аеродромот ќе бидат одмрзнати во првата половина на денот, а планот е да се обнови авиосообраќајот од пладне. Сепак, постои претпоставка дека повеќето од летовите закажани за остатокот од денот би можеле да бидат откажани“, се наведува на веб-страницата на аеродромот.