Заеви, на покана на Курц, вечерва на свеченото отворање на Виенскиот бал

160

Премиерот Зоран Заев, кој денес имаше средба со канцеларот на Австрија Себастијан Курц во Виена, вечерва, заедно со сопругата, како негов гостин присуствуваше на Виенскиот бал.

На својот профил тој напиша: „На покана на мојот драг пријател, австрискиот канцелар Sebastian Kurz, вечерва заедно со сопругата Зорица присуствувам на свеченото отварање на Виенскиот бал“.

Инаку Премиерот Заев е единствениот коj Курц годинава го поканил како негов гостин на престижниот бал. Лани гостинка на Курц беше сомалиската авторка, активистка за човекови права и поранешен модел Варис Дирие.

На попладневната билатерална средба премиерот му се заблагодарил на канцеларот Курц и на Владата на Австрија за се што направиле за Северна Македонија, но и за целиот регион на Западен Балкан, а, пак, Курц истакнал дека и натаму ќе и ја дава потребната поддршка на Северна Македонија, а средбата со Заев уште еднаш го покажува и го докажува пријателството меѓу двете земји.