Татко си ги фрлил четирите деца од првиот кат на куќата во Хрватска

148

Педесетичетири годишен маж утрово своите 4 деца ги фрлил од прозор од првиот кат на неговата куќа во Паг, Хрватска, јавуваат хрватските медиуми.
Полицијата утрово околу 7 часот добила дојава дека маж од висина од 6 метри ги фрлил своите четири малолетни деца на возраст од 3, 5, 7 и 8 години. Според локалните медиуми, станува збор за проблематично семејство кое на ова место неодамна се доселило.
На местото на настанот итно се упатиле полициските службеници, како и докторите, кои веднаш им пружиле прва помош на децата.

На вонредната прес-конференција, лекарите од задарската болница изјавија дека седумгодишното девојче е во најтешка состојба, со тешки повреди на главата и во моментов е во кома. На интензивна нега се наоѓа и нејзината постара сестра (8), која е во свесна и стабилна состојба, но која ќе мора да биде оперирана утре.
Петгодишното девојче помина со најлесни повреди, главно гребнатини по лицето и контузија на градниот кош. Момчето (3) е стабилно.