– Барајќи ја поддршката ред е да се извинам што сум ја побарал поддршката за Максим Димитриевски 2017-та. Добрите луѓе знаат да погрешат, иако карактерните особини ги видовме. Во првиот круг и самиот Тони Шанац потврди дека партиските гласови отишле кај Максим Димитриевски, вториот круг кога ВМРО-ДПМНЕ објави поддршка на нивниот кандидат, тој веднаш се заблагодари, рече Заев.
– Куманово е важен фактор во државата, никогаш порано тоа го немало, рече Заев. Тој го обвини Димитриевски за договори за вработувања на членови на ВМРО-ДПМНЕ во градинки, училишта, администрација. Заев ги повика кумановци да бидат обединети за да го сочуваат социјалдемократскиот дух на Куманово, сплотеноста, концептот – Едно општество за сите, да чекорат напред.
Куманово мора да го држи браникот на прогресивноста, кажа Заев и рече дека не ни требаат национализам, а патриот е тој што качува плати, го подобрува квалитетот на живот на граѓаните.
Обраќајќи им се на кумановци ги повика уште еднаш да одржат лекција за социјалдемократија, за прогресивност, бидејќи е најголема и заслужува прва во борбата за квалитетен живот.
– Ве повикувам во името на прогресивноста да дадете напори докрај да се победи со убава разлика, повика Заев и ги повика сите што се колебаат да се вратат кон прогресивноста, бидејќи рече Куманово отсекогаш се борело.
Потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски ја побара поддршка од кумановци за победа во Куманово.
– Јас сум убеден во тоа, бидејќи овие три-четири дена се разбистри над Куманово, заминаа во вечност лажните претставувања за независност, за големи социјалдемократи и за нешто што правеше манипулации кај луѓето. За неколку дена гласаме за два кандидати, за нашиот социјалдемократ, идниот градоначалник, Оливер Илиевски и од другата страна немаме избор, заради тоа што ВМРО ДПМНЕ е од другата страна и мора да биде поразено, не смее режимот во Куманово да биде-кажа Спасовски.
Тој кажа дека 12 години за Куманово немало поддршка, ниту денар немало вложено, никаков проект. Куманово, кажа никогаш не потклекнало, а обврската, да не се уништи слободарскиот дух, останува во недела на 31 октомври. Спасовски потсети за вложувањата во Куманово во последниве четири години, обнова на инфраструктура, проекти за подобар живот, за економски развој. Тој кажа дека кумановци имаат одговорност да ја зачуваат слободата, демократијата и напредокот.
– Тој што е социјалдемократ, наследник на борбата на Куманово во борбата против антифашизмот, неговото место не зад ВМРО, неговото место е овде зад фронтот предводен од СДСМ. Јас се извинувам на сите вас што стоев пред четири години и ја барав поддршката за таков човек кој нѐ предаде и отиде со ВМРО ДПМНЕ-рече Спасовски, повикувајќи дека силата е во единството и ги повика кумановци да излезат масовно и да гласаат за Илиевски.
Кандидатот за градоначалник од СДСМ, Оливер Илиевски ја побара поддршката од жителите на „Гоце Делчев“ и најави модерен плоштад, нов стадион, три катни гаражи, две градинки, кеј, реконструкција на паркови, најдолга велопатека, а за населбата паркови, зеленило, игралишта.
– Оваа беше една од најубавите населби, а ќе ја направиме уште поубава во следните четири години, бидејќи имаме финансиски средства, од кои извори ќе се финансираат и буквално сите проекти ќе бидат реализирани. Треба да се надоместат изминативе четири годинки да се направат дополнителни проекти-рече Илиевски. Тој најави дека во „Гоце Делчев“ ќе се изгради спомен-плоча на револуционерот Гоце Делчев.