Бруклин Бекам, најстариот син на легендарниот англиски фудбалер Дејвид Бекам, се ожени со актерката Никол Пелц. Уште минатата година Бруклин ја запроси актерката која е четири години постара од него. Тие двајца се венчаа на тајна локација, но во кругот на семејството и без многу церемонии.

Никола Пелц е ќерка на милијардерот Нелсон Пелц и моделот Клаудија Хефнер. Покрај дебелата сметка, таа ја има и вистинската убавина која ја наследила од нејзината мајка. Таа е многу амбициозна, но и скромна и опуштена девојка. Овој пат е во центарот на вниманието поради фотографиите што ги објави на социјалните мрежи.

  • Навистина те сакам, е описот на фотографијата на кои таа е целосно гола покрај својот сопруг.

Фотографијата доби бројни лајкови, а интересно, еден од лајковите дојде од Џорџина Родригез, свршеницата на Кристијано Роналдо.