ЕСКАЛИРААТ ПРОТЕСТИТЕ ВО ФРАНЦИЈА: Градското собрание во Бордо во пламен/ВИДЕО

17
Фото: screenshot Twitter

Зградата на градското собрание во Бордо беше запалена за време на протестите низ Франција поради планираните реформи во пензискиот систем и зголемувањето на старосната граница за пензионирање.

Во целодневните протести и судири вчера изгоре влезот на градското собрание во овој град на југозападот на Франција, јавува Би-Би-Си.

Засега не се знае кој е одговорен за пожарот кој пожарникарите брзо го изгаснаа.