Месецов, изготвени 48 записници за лица затекнати при неправилно одлагање отпад

31

Еко – патролата на јавното претпријатие „Комунална хигиена“ во текот на месец март изготвени вкупно 48 едукативно-информативни записници за лица коишто се затекнати при неправилно одлагање градежен и кабаст отпад.

Како што информираат од претпријатието нивната еко – патрола врши секојдневен надзор на дваесетина локации во сите скопски општини каде што континуирано непрописно се одлага отпад на јавни и сообраќајни површини.

Екипите на ЈП „Комунална хигиена-Скопје во текот на вчерашниот ден, исто така спроведоа и активности за чистење на внатрешноста на фонтаните лоцирани во централното градско подрачје коишто сè уште не се пуштени во употреба.
Воедно, е отстранета и обемна дива депонија лоцирана на булевар  „Јане Сандански“ во општина Аеродром, при што се подигнати приближно пет кубни метри кабаст и градинарски отпад.