Делуваше беспомошно и фрустрирано

51
epa10510432 Lionel Messi of Paris Saint-Germain reacts during the UEFA Champions League Round of 16, 2nd leg match between Bayern Munich and Paris Saint-Germain in Munich, Germany, 08 March 2023. EPA-EFE/RONALD WITTEK

Идентично како и изминатата сезона, ПСЖ и оваа година е елиминиран во 1/8 финалната рунда од Лигата на шампиони. Претходната сезона „светците“ беа елиминирани од Реал (М), а во актуелната од Баерн (М) кој славеше на двата натпревара.

Иако еден таков тим, полн со ѕвезди, треба да биде гаранција за подобар пласман во ЛШ, истиот ќе мора уште малку да почека на популарниот пехар со „уши“.

Баварскиот гигант прво со 1:0 ја доби пресметката во Париз, а потоа со 2:0 славеше на „Алијанц арена“.

Легендарниот германски фудбалер, Филип Лам, реши отворено да збори за актуелниот шампион на Франција, а неговите зборови сигурно нема да им се допаднат на најверните фанови.

  • ПСЖ уште еднаш ги разочара своите навивачи и ние можеме само да ги жалиме. Нивната надеж за нешто поголемо од победа во Лига 1 умира секоја година. Во Минхен не го видовме квалитетот кој треба да го има тимот со такви играчи. Беа едно големо разочарување. Овој смешно скап клуб е како луксузен трговски центар. Катар во него вложи милиони евра и додека политичката стратегија функционира, нивото на тимот и понатаму е разочарувачко. Навивачите на ПСЖ од сето ова имаат неубаво искуство, изјави Лам.

Германецот ги искоментира и настапот на Лионел Меси на двата натпревара.

  • Меси е дел од тимот, а истото може да се каже и за Мбапе. Во тој клуб секој се бори за секого. Во Минхен имаше неколку блескави моменти, но тие не му помогнаа на тимот. Меси делуваше беспомошно и фрустрирано, додаде Лам.