Ескалација на протестите: Пукање и водени топови во Хонг Конг
Полицаец пукал со пиштол за време на денешниот протест во Хонг Конг, што е прва употреба на вистинска муниција од кога почнале собирите во јуни. Полицијата изјавила дека пукањето било за предупредување на демонстрантите и дека неколку полицајци се одведени во болница. Новите протести и насилство доаѓаат по затишје од речиси една недела. Протестите започнаа на 3 април кога владата на Хонг Конг воведе закон за екстрадиција во Кина на жителите осомничени за кривични дела.