Маж во Шведска се спасил од апсење кога галеб од раце му ја „украл“ кесата со марихуана и одлетал со неа, во моментот кога му се приближувале полицајци.

Полицајци цивили патролирале на Фестивал на културата во Гетеборг, кога забележале жена како слободно пуши марихуана, а додека приоѓале го забележале мажот ја зграпчил кесата со дрога и се обидел да ја сокрие.

Во моментот кога сакале да го уапсат, се појавил галебот, кој му ја отргнал кесата од рацете и одлетал со неа. Полицајците останале без доказот.

Според полицијата на Гетеборг во кесата имало околу 10 грама канабис, но бидејќи немале доказ, немало ниту апсење.

Инаку, на тоа место има многу галеби. Во Шведкса важат најстроги казни за дрога, па така поседување на марихуана се казнува со голема парична казна и затвор до шест месеци.