Емоционален колапс на повидок: Престојниот период ќе биде турбулентен за 4 хороскопски знаци

2083

Периодот по затемнувањето на Месечината во Скорпија може да ги извади на површина сите трауми, болки, тајни и манипулации – и она што е скриено од нас и она што сме го сокриле од другите. Скорпијата е знак на сурови вистини и овие вистини нема да ни угодат ниту нам ниту на оние околу нас. Понекогаш најтешко е да се соочиш со себе, со сопствените грешки и пропусти, измами и самозаблуди.

Наша задача е да се насочиме кон вистината, каква и да е таа, бидејќи таа сепак е дел од нас што треба да го прифатиме. И без прифаќање, нема можност да се продолжи понатаму. Затоа, направете листа на вашите негативни работи, луѓе и врски кои ве мачат.

СКОРПИЈА
Време е да се соочите со личните стравови и блокади кои ве забавуваат да продолжите напред. Проблемите ќе ви изгледаат потешки од што реално се, бидејќи нема да бидат толку драматични, колку што вашата потсвест ќе има тенденција да создава такво сценарио. Обидете се да ги оставите лошите работи зад себе и фокусирајте се на нови работи.

БИК
Очекувсајте криза или колапс на поле на партнерството. Интензитетот на тој пад ќе биде забележлив во наредните месеци. Можно е да добиете нов деловен партнер, а доколку сте во брак, врската ќе мора да се промени. Партнерот има заблуди за вас кои не се реални.

ВОДОЛИЈА
Полната месечина во вашата десетта куќа носи големи промени на вашето работно место. Исто така, лесно можете да го промените работното место во интервалот од следните шест месеци бидејќи „доста ви е“. Промените на работа се неизбежни во наредните месеци.

ЛАВ
Период на семејни грижи и несогласување со еден член од семејството. Вашиот страв за таа личност се манифестира на сосема погрешен начин и поради тоа ќе бидат нагласени тензиите. Можни се проблеми со станот, но и промена на местото на живеење.