Во Југославија секоја домаќинка знаела да ги направи: Стар рецепт за вкусни, слатки „бунар“ кифлички/ВИДЕО

3654

Погледнете го овој рецепт за „бунар“ кифлички. Се прават со маст, а секоја домаќинка во Југославија го имаше рецептот! Тајната е во специјалното подготвување на пецивото од крцкаво тесто.

Се работи за посебна подготовка на тестото кое полека расте на ладно.

Бидејќи во минатото немало фрижидери, замесеното тесто се спуштало во бунарот, па оттука и името на кифличките.

Рецептот се пренесувал од колено на колено, а во поранешна Југославија немало домаќинка која го немала овој рецепт.

Бунарските кифлички можете да ги наполните со џем по ваш вкус, а подеднакво се убави и кога се уште топли, но и кога ќе отстојат.

Потребно е:

400гр брашно (мазно) + една кафена лажичка од истото брашно за квасец
1 вел. лажица шеќер
1/2 свеж квасец, вкупно 20 g (или пакување сув квасец од 7 g)
1 лажичка сол
2 dcl млако млеко
200 гр свинска маст

ПОЛНЕЊЕ:

џем од сливи или по желба

шеќер во прав за тркалање

Подготовка на ролатот Бунар:

Квасецот издробете го во топло млеко, додадете една лажица шеќер и оставете го да се активира. Изматете ја маста со преостанатиот шеќер и јајцата.

Во маснотијата постепено додавајте брашно и квасец, па замесете мазно тесто.

Покријте со фолија и оставете во фрижидер преку ноќ. Следниот ден поделете го тестото на три еднакви дела.

Секоја од нив расукајте ја на дебелина од околу половина сантиметар, па исечете ја на 9 еднакви триаголници.

На поширокиот дел додадете една лажица џем и завиткајте ги кифличките.

Наредете ги во плех обложен со хартија за печење, па печете ги на 180 степени најмногу 20 минути.

Погрижете се вашите кифлички да останат што е можно побели или да бидат само малку зарумени. Додека се уште топли, валкајте ги во шеќер во прав.