Македонскиот кошаркарски стручњак Емил Рајковиќ заврши на третото место во ВТБ-лигата со својот тим ЦСКА од Москва, а по освоената бронза во серијата против Зенит (4:1 во победи), даде оцена за целата сезона.

  • Сакам да му честитам на Зенит за борбата и за сериозноста што ги покажа во оваа серија. Мислам дека направивме добра работа за да ја добиеме серијата со 4:1. Една од нашите задачи беше да им дадеме можност на младите играчи да се развиваат, многу од нив работеа со тимот и успеаја да се докажат во големата кошарка. Не сакам двете недели во кои имавме проблеми да го оформат впечатокот за целата сезона – истакна Рајковиќ по натпреварот, а претходно ЦСКА (М) беше изненадена во полуфиналната серија од Локомотив.

Македонскиот кошаркарски стручњак неодамна беше прогласен и за тренер на годината во ВТБ-лигата.