Десет стари стебла се прогласуваат за природна реткост

105

Министерството за животна средина и просторно планирање согласно Законот за заштита на природата спроведе постапка за прогласување на природни реткости за 10 стари стебла со исклучителни хабитуелни карактеристики во неколку општини.

Како природна реткост се прогласуваат платаните над локалитетот ,,Арабати Баба Теќе – Општина Тетово“; повеќегодишните дрва во центарот на Валандово и во село Честево, потоа во селата Смолари и Колешино во општина Ново Село. Под заштита ќе се стават и платаните со битолско Магарево, како и во општина Радовиш, село Кривогаштани, дрвото во село Теово, општина Чашка, како и две стебла од Црн на локалитетот Карши Бавчи во општина Кратово.

– На иницијатива на Министерството за животна средина и просторно планирање и со финансиска поддршка од државен буџет на МЖСПП, а во согласност со Законот за заштита на природата беа изготвени елаборати за валоризација/ревалоризација на наведените 10 стари стебла. Елаборатите беа стручна основа за изработка на решенијата за прогласување на старите стебла за природни реткости – информираат од МЖСПП.