За среќа Ема Стоун не спаѓа во групата на заболени од корона вирус. Но, ковид-19 влијаеше да се сменат плановите на оваа ѕвезда. Оскаровката е принудена да ја откаже нејзината венчавка. Таа мора да ја одложи свадбата сѐ додека не се стабилизира целокупната состојба.

На популарниот пар, актерката Ема и режисерот Дејв Макари, докторите им препорачале да ја одложат свечената церемонија поради неможност да присуствуваат голем број луѓе во една просторија.

Ема и Дејв се запознале во декември во 2016 година во емисијата Saturday Night Live. На почеток тие ја криеле нивната врска. Во јануари 2019 година тие прв пат се имаат појавено заедно на јавен свечен настан. (М.А)

Извор:SHUTTERSTOCK