Организаторите на грен слем турнирот САД Опен најавија дека тенисерите кои ќе ги  го напуштат баонот во Њујорк без писмена дозвола ќе бидат дисквалификувани, но и парично казнети.

Оваа вест организаторите ја пласираа три недели пред почетокот на турнирот, кој ќе се одржи под строги мерки за сите учесници поради пандемијата со коронавирусот. Од претходно се знае дека на турнирот нема да биде дозволемо присувство на публика.

Доколку играч одлучи самоволно да го напушти балонот без писмено одобрение на шефот на медицинската служба или директорот на турнирот ќе биде отстранет од натпреварувањето. Во тој случај, ќе се бројат неговите бодови од минатата година.

Во случај тренерот или играчот да ја напушти „безбедносната зона“, тие ќе ја загубат акредитацијата и ќе биде побарано да го напуштат хотелот во рок од 24 часа. Исто така ќе бидат казнети со парична казна.

На овој турнир нема да учествува актуелниот шампион Шпанецот Рафаел Надал, кој го откажа својот настап поради страв да не се зарази со коронавирусот.

Шампионите во двете конкуренции ќе добијат по три милиони долари, додека на финалистите ќе им биде иплатено 1,5 милиони долари.