Kој мисли дека спортот и книгата не одат заедно, се излажал. Честопати најдобрите спортисти се и најдобри студенти, а најдобрите спортисти, пак, се тие што добиваат стипендија или вредносен ваучер од реномирани универзитети со цел да им се помогне во нивното образование.

Но, не е мал и бројот на образовните институции кои сакаат најдобрите спортисти да ги имаат во своите редови. Таков е и Првиот приватен универзитет – Европски универзитет на Р Македонија.

Оваа образовна институција ги награди најдобрите тројца играч на фудбалскиот турнирот „Оливер Соколов – Сокол“ со вредносни ваучери за првата година на студии на универзитетот. Вредносен ваучер од 30.000 денари за прва година од студии на ЕВРОПСКИ УНИВЕРЗИТЕТ добија: најдобриот голман на турнирот, Емил Јоцевски (Андринико) и најдобриот играч на турнирот: Виктор Димков („Гостилница кај Џек“), додека најдобриот млад играч на турнирот Димитриј Поповски (Форца-Толту) доби ваучер за едногодишна стипендија за прва година од студиите на Европскиот универзитет.

  • Здружението на граѓани „Оливер Соколов-Сокол“   во името на организацијата, првенствено сака да им се заблагодари на жителите на Карпош 1, кои несебично помогнаа во реализацијата за обнова на турнирот „Сокол“. Благодарност и до сите учесници на турнирот, на судиите, делегатите, како и на публиката која неуморно навиваше, критикуваше, коригираше и ги наградуваше со поддршка сите чинители и учесници на „Сокол 2019 година“.  Голема благодарност до генералниот покровител Општина Карпош и градоначалникот Стефан Богоев. Благодарност и до Советот на Општина Карпош и одделението за спорт, за несебичната поддршка во реализација на Меморијалниот турнир „Оливер Соколов-Сокол“.  Оваа година турнирот „Сокол“ наиде на многу искрени пријатели, кои, исто така, помогнаа во неговата реализација. Огромна благодарност и до сите спонзори и поддржувачи на „Сокол 2019 година“.

Да не заборавиме повторно да ги споменеме и поздравиме легендите на фудбалскиот клуб „Вардар“ и легендите учесници на турнирот „Сокол“, кои преку совети и сугестии ни помогнаа во унапредување на турнирот. Во тоа име ветуваме дека овој турнир од година в година ќе биде уште подобар, поорганизиран, поинтересен, а со тоа и попосетен, се вели во соопштението на организаторите на нивната фејсбук-страница.

Првото место на турнирот го освои тимот на „Гостилница Кај Џек“, откако во финалето го совлада Андринико со 3:2, а третото место ú припадна на екипата „Codeart Fox“,која победи службено со 3:0 поради непојавување на противничкиот тим.

Меморијалниот фудбалски турнир „Сокол“ годинава се одржа по пет години пауза и веднаш го доби стариот сјај. Турнирот беше издигнат на највисоко ниво од организаторите и спонзорите во однос на квалитетот на натпреварите, посетеноста и фер-плеј играта. Годинава беа пријавени 48 екипи од 9 градови во Македонија кои покажаа дека во Македонија се игра квалитетен фудбал. Турнирот траеше 30 дена, а учествуваа 480 натпреварувачи, се одиграа 151 натпревари, се постигнаа близу 715 голови, а на трибините имаше над 35.000 гледачи.

ФОТО: Н. БАТЕВ