Толку од Лерој Сане

163
Извршниот директор на Баерн (М), Карл-Хајнц Румениге, непријатно ги изненади најверните фанови со изјавата дека актуелниот шампион на Германија, повеќе не е заинтересиран за услугите на крилниот напаѓач од редовите на Манчестер Сити, Лерој Сане.
Баварскиот гигант за време на летниот преоден рок се обиде да ги осигура услугите на германскиот интернационалец, но двата клуба не најдоа заеднички јазик околу обесштетувањето. Баерн (М) понуди 100 мил. евра, а Сити побара 135 мил. евра.