Душегрижници, пејачките не се скарани:Велевска и Гавазова пееја во дует на “Риба и вино 2019“

407

Фолк-пејачките Елена Велевска и Сузана Гавазова мега популарни на македонската естрада, се едни од ретките, ако не и најретките кои без проблем, но со причина се соблекуваат во костимите за капење, кои си ги постираат свои разголени фотографии и кои снимаат високо буџетни спотови. За нив маса луѓе брујат дека се скарани, дека не прават муабет, дека при секое видување на минување ќе разменат грст лоши зборови. А, тие кои го тврдат тоа, гарантираат дека ја зборуваат вистината. Уште треба и да им поверуваме…..но, да не видовме со свои очи, можеби и ќе поверувавме, но кога видовме нешто сосема спротивното, очигледно е дека озборувачите се само пусти трачари кои ако ништо друго барем на пејачките им прават публицитет кој е многу важна работа во нивните професии.

Елена и Сузана се барани пејачки, одлично заработуваат, а неодамна во Дојран по заедничкиот настап на манифестацијата „Риба и вино“ покажаа дека се и супер колешки. Помеѓу нив две никогаш немало неподносливост. Тоа се само измислици. Велевска и Гавазова настапија втората вечер, пред илјадната публика, испеаја неколку песни во дует, на големо задоволство на публиката која непрестано пееше со нив македонски песни. Така да, душогрижници, навистина дај оладете со приказните, барем оладете на овие плус 40 степени!  Дуле М.