Кошаркарот на Далас, Лука Дончиќ, и неговата девојка Анамарија Голтес отпатуваа во Грција на одмор. Тие се наоѓаат на познатиот остров Миконос, каде во моментов нема многу туристи, па НБА-ѕвездата и неговата партнерка уживаат во мирот и тишината.

Плажите се празни, баровите и другите места исто така, а Анамарија има целосна слобода да ужива заедно со еден од најдобрите НБА-играчи.

Познато е дека Анамарија се занимава со манекенство, дека многу внимава на себе и на своето тело, а со неколку фотографии од својот одмор дополнително нè убеди дека Лука навистина ја одбрал вистинската личност.