Кошаркарите на САД го освоија златото на Олимписките игри во Токио, откако во финалето лавеа против Франција со 87:82.

За САД ова е 16-то олимписко злато, додека за „триколотите трето сребро по оние во Лондон во 1948-та и Сиднеј во 2000-та.

Американците од 1992 година, кога им беше дозволено на НБА играчите да играат на Олимписките игри постојано се на врвот, освен во 2004 година кога златото замина на градите на аргентинските кошаркари, додека САД тогаш се закити само со бронза.

Најефикасни во составот на Грег Попович беа Кевин Дурент со 29 поени и Џејсон Тејтум со 19 поени, додека кај Франција најмногу поени постигнаа Гобер и Фурние, по 16.

Натпреварот за третото место помеѓу Австралија и Словенија на програмата е од 13 часот.