Документарец од 2017 година открива: Кинеските научници со голи раце ги истражувале лилјаците

133

Пред доаѓањето на стручњаците од Светската здравствена организација„Тајван њуз“ уште еднаш потсети на овој филм откако државната цензура во Кина ги има избришано сите критики на сметка на Институтот за вирологија.

Институтот за вирологија во Вухан, познат по своите истражувања на вирусите кај лилјаците, веќе подолго време се наведува како можен извор на ширењето на заразата. Но, кинеските власти ги отфрлаат тие тврдења како „чиста шпекулација“ и истакнуваат дека во таа лабораторија важи високо ниво на безбедност.

Сепак, еден документарен филм, кој на државната телевизија е веќе прикажуван во 2017 година, прикажува колку лежерно се однесуваат некои соработници на Институтот во работата со корона вирусите, пишува „Дојче веле“. Пред доаѓањето на стручњаците од Светската здравствена организација„Тајван њуз“ уште еднаш потсети на овој филм откако државната цензура во Кина ги има избришано сите критики на сметка на Институтот за вирологија.

Во спомнатиот филм прикажана е група научници собрани околу ШиЏенгли, позната под прекарот „Бет вумен“ во потрага по потеклото на САРС, а иако им било јасно дека лилјаците кои ги прегледуваат можеби во себе носат смртоносни вируси, некои научници за време на истражувањето во пештерата во Јуан не носат заштитна опрема. Фатените лилјаци се прегледуваат со голи раце, а без заштита на рацете земан е и примерок од нивниот измет, кој е можен извор на зараза.

Вирологот Чуи Џиу дури вели дека лилјак го каснал низ тенките гумени ракавици и на филмот ја покажува отечената рака, додека глас од заднина вели дека лилјаците може да пренесат бројни вируси, меѓу кои и беснило, па затоа научниците се вакцинираат против беснило пред земањето примероци.

Тој филм ненамерно покажува дека мерките за безбедност баш и не се почитуваат како што треба, не само при истражувањето во пештерата туку и во лабораторија, каде лабораториските техничари не носат вистинска заштитна облека или маски, пишува „Дојче веле“.

Како што изјави Ши Џенгли, „таа работа не е толку опасна како што сите мислат“, затоа што многу е мала веројатноста од директна зараза на луѓето. Тогаш таа појаснува дека нејзините соработници кои знаат дека лилјаците на одредено место во себе носат вирус кој би можел да премине на човекот, ги спроведуваат мерките на претпазливост, но дека во „повеќето случаи применуваат само обична заштита“.

Овој филм, се наведува, отвора прашања на кои сигурно и тимот на СЗО би сакал да пронајде одговори, затоа што шокира лежерниот однос кон безбедносните мерки