Минатогодишната сензација од редовите на Питсбург Стилерс, Џејмс Конер, откри дека му бил дијагностициран тумор на градите и вратот додека бил студент.

Одличниот бек исто така наведе дека минувал низ тежок период во животот, особено кога се рехабилитирал од повреда на колената, како и периодот кога му бил дијагностициран туморот.

Конер во текот на третата година од студиите доживеал стравотна повреда откако ги скинал медијалните лигаменти и во текот на рехабилитацијата не му било ниту малку лесно.

  • Моето заздравување одеше одлично и се надевав дека ќе се вратам пред крајот на сезоната. Во тие моменти имав многу непроспиени ноќи, спиев речиси по 15 минути секој ден, изјави Конер.

Тоа и не било нешто најтешко што му се случило на играчот на Питсбург, бидејќи по неколку тестирања му бил откриен втор степен на Хоџкинова болест, односно му биле пронајдени тумори во градите (во близина на срцето), како и во вратот.

  • Тоа е нешто најлошо во светот. Направивме неколку тестирања и ми кажаа дека имам тумори кои ми го опкружуваат срцето. Имам многу тумори во себе кои ме притискаат… Докторите ми прогнозираа дека ќе живеам уште една недела. Туморите, со темпото кое растеа, ми кажаа дека морам итно да почнам со третмани, инаку ќе умрам за седум дена, објасни Џејмс.

Кога канцерот го испратил во заборав и коленото му заздравело, Конер се вратил на Универзитетот „Питсбург“ и за „пантерите“ успеал да забележи 20 тачдауни и да истрча и фати 1394 јарди.

Питсбург Стилерс го драфтувале Конор во 2017 година во третата рунда.