ДУИ даде имиња на шест директори

112

Познати се шест имиња на директори предложени од страна на ДУИ откако шефот на Владата, Зоран Заев , минатата недела најави промена на десетици управители, нивни заменици и членови на одбори.

Како што објави Алсат, за Македонски железници инфраструктура се предлага Фестим Халили, Биро за јавни набавки – Елвадина Дика, Агенција за странски инвестиции – Арбен Вила, Македонија пат – Армир Садику, Клиника за гинекологија – Ајрула Мустафа и Банка за обнова и развој – Фарук Исмаили.

До сега МЖ Транспорт го предводеше Ирфан Асани, Биро за јавни набавки беше раководено од Бардуљ Насуфи, додека Вулнет Адеми, Гајур Кадриу и Ваљон Беља беа директори на Агенција за странски инвестиции, Македонија пат и ЈЗУ ГАК.