Додека чекаат Владата да им го спаси стандардот, граѓаните последните пари ги вложуваат во гориво и храна

Февруарската инфлација од 7,6 проценти веќе „ги изеде“ зголемените плати што треба да се земат наредниот месец, но и историскиот раст на пензиите договорен минатата недела, а Владата е на самиот почеток на утврдувањерто мерки со кои на граѓаните и фирмите треба да им се помогне да поминат низ кризата предизвикана од пандермијата и надополнета со руско-украинскиот конфликт. Група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ предложија измени на законите за ДДВ ио за акциза со кои ДДВ за храната би се намалил на нула, а акцизата на горивата би се преполовила

325

Додека чекаат Владата да ги донесе новите антикризни мерки, граѓаните повторно панично прават редици за гориво на бензинските пумпи и ги празнат маркетите, додека уште имаат пари.

Февруарската инфлација од 7,6 проценти веќе „ги изеде“ зголемените плати што треба да се земат наредниот месец, но и историскиот раст на пензиите договорен минатата недела, а Владата е на самиот почеток на утврдувањерто мерки со кои на граѓаните и фирмите треба да им се помогне да поминат низ кризата предизвикана од пандермијата и надополнета со руско-украинскиот конфликт.

Откако во понеделникот се одржа Економскиот совет на Владата во прошитрен состав со претставници од академската заедница, гувернерката на Народната банка, како и претставници од стопанските комори, поголемите компании, синдикалните организации и експерти од економскиот и финансискиот сектор, вчера дојде само кусо соопштение дека во тек е подготовка на анализата за можните нови мерки што треба да се најдат во најскоро време на владина седница. Од Владата соопштија дека на состанокот, со кој претседавал премиерот Димитар Ковачевски, се разговарало за таргетирани мерки со буџетска поддршка за стопанството со цел задржување на ликвидноста и работните места и за мерки за ранливите категории на граѓани со цел ублажување на ценовните шокови.

-Беа разменети мислења, сугестии, предлози околу потребните мерки што како државна помош треба да бидат земени предвид при креирањето на политиките за ублажување на последиците од најдлабоката криза во современата историја, соопшти Владата без да дава детали.

Се дознава само дека од сегашните мерки понатаму ќе важат ограничените трговски маржи, но нема најава што би можело да се направи во врска со цената на горивата, која од почетокот на неделава практично дивее и несомнено ќе ги повлече нагоре сите останати цени. Доцна во понеделникот Регулаторната комисија за енергетика ги соопшти највисоките цени на горивата во последниве години како резултат на неконтролираниот раст на цените на нафтата на светските берзи и поскапениот долар.

Вчера бензините имаа рекордно поскапување од 5,5 денари, а дизелот од 10 денари. Но веќе денеска може да добијат нова цена, зашто од РКЕ најавија нивелирање на дневна основа.

-Од ден во ден драстично се зголемуваат цените на нафтените деривати на светските берзи, а дополнително на тоа и курсот на доларот расте, овие се клучни фактори кои влијаат врз крајната цена. Поради сложената геополитичката состојба која се одразува врз цената на енергенсите, а со цел да се обезбеди сигурност и стабилност на пазарот со нафтените деривати и да се заштитат потрошувачите од големи ценовни осцилации, отсега натаму РКЕ ќе носи одлуки на дневно ниво за цени на нафтени деривати, доколку берзанските цени имаат значителни промени. Овој принцип ќе се применува секогаш во состојби на екстремни дневни промени на берзанските цени, изјави претседателот на РКЕ Марко Бислимоски.

Премиерот Димитар Ковачевски повторно се обиде да ја смири ситуацијата со изјава дека и понатаму горивото кај нас е најевтино во регионот и Европа. Но, залудно, граѓаните веќе беа тргнати да фатат ред во големите колони пред бензиснките пумпи низ целата држава, со цел да го наполнат резервоарот до крај, додека можат да ја издржат цената на горивата и додека го има, зашто на некои бензински пумпи престана да се точи. Недостатокот на горива во понеделникот, што создаде паника кај граѓаните, го потврди и најголемиот снабдувач со нафтени деривати, „Макпетрол“, но го оправда со проблеми во дистрибуцијата.

– Состојбите на глобалните нафтени пазари се менуваат секојдневно, цените постојано се зголемуваат, а како резултат на тоа, снабдувачите се соочуваат со проблеми при навремената достава на горива до своите партнери. Побарувачката на горива во земјава изминативе денови е енормно зголемена, а меѓу главните причини за тоа се шпекулациите и гласините во јавноста дека ќе има недостаток, како и цените на светските берзи. Дополнително, снабдувањето беше отежнато затоа што нашиот дистрибутер „Окта“ во недела не работи. Исто така, и во Грција, од каде што се набавува горивото, недела е неработен ден, а и овој понеделник е државен празник. Сето ова придонесе да се појави привремен недостаток на дизел-гориво на некои наши бензински станици, соопшти компанијата и додаде дека очекува снабдувањето со сите видови горива на нејзините бензинските станици во следните денови да се нормализира.

Подолго време опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара од Владата мерки за да се скротат цените и да се задржи животниот стандард. Се предлагаат пониски даноци за храната и преполовена акциза за горивото, но одговор нема. Група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ сега до Собранието поднесе предлози за измена на законите зе ДДВ и за акциза, а сеуште е непознато дали ќе има мнозинство кое ќе прифати расправа за нив. Се предлага ДДВ на храната од сегашните пет да се намали на нула проценти, а да не се собира ДДВ и за парното. Според предлогот, ова би требало да важи до крајот на годинава. Со постоечката регулатива од 1 јуни од сегашните пет ДДВ на струјата треба да се покачи на 10 проценти. Со измена на закоснката регуулатива пратеницит ена ВМРО-ДПМНЕ предлагаат и понатаму да остане пет проценти. Исто така, предлогот содржи и мерка за намалување на акцизата на бензинот и на дизелот за 50 отсто и за 100 отсто кај природниот гас.

Потпретседателката на оваа партија,. Гордана Димитриевска Кочовска во ТВ гостување потсетувајќи на ропедлозите на партијата предупреди дека новите цени на гпривата дефинитивно го нарушуваат животниот стандард и дека и овие трошоци ќе се прелеат на крајните производи пред се на оние за исхрана. Според неа ваквите состојби биле очекувани имајќи предвид што се случува во Русија и Украина, и прашање е зошто владата во изминатиов период не преземаше конкретни мерки или преземаше нешто погрешно.

-Ова е загрижувачки затоа што ако владата вака продолжи да се однесува може да има и отпуштања од работа додека не се стабилизираат условите, истакна таа.

(С.В.)