Оваа сезона, дизајнерите посветија големо внимание на додатоците. Врз основа на лондонската модна недела и уличниот стил, успеавме да утврдиме кој од овие додатоци ќе доминира во сезоната пролет/лето на 2020. Овој пат, успеавме да издвоиме неколку додатоци, што секако ќе го одбележат пристигнувањето на најубавата сезона. Од обетки, преку огрлици и бразлетни, бисерскиот накит е must have за следната сезона.

Капите се нешто што е класика. Никогаш не излегуваат од мода. Единствено што се менува е дезенот. Оваа сезона класичниот модел на капите Бурбери беше повеќе од забележителна. Одговорност е на секоја жена која држи до стилот да набави еден ваков модел.

На крајот на 2019, Шанел повторно на модната писта го воведе коланот – ланец што се носи околу појасот. Притоа, нè врати во 1990-тите, кога ова парче беше исклучително популарно.

Неколку сезони во тренд беа предимензионираните торби. Сега, иако повторно во мода се чанти со нормална големина, ќе уживаме и во малите чанти, во кои можат да се стави мобилен и кармин. Ова е доволно за една дама.

Оваа сезона трендсетерките сакаат и големи, впечатливи машни. Секако, многу дами добро ќе размислат пред да се решат за моделите што се карактеристични за помладите девојки, но двојна црна машна на убава свила или сатен е одличен избор дури и за постарите жени.