Скандалозната цицлеста и многу зборлива пејачка Дара Бубамара пред неколку месеци ја разбесни публиката од Вардар до Триглав кога државните училишта ги нарече „селски“ напоменувајќи дека нејзиниот син посетува приватно училиште во кое не оди заедно со „глупавите селски и љубоморни деца“. Синот на Дара посетува настава во најпрестижното приватно училиште во Нови Сад, Србија, во кое годишната школарина изнесува 5.000 евра.
– Мојот сакан син не оди во тие селски училишта, туку во приватно училиште, каде одат и децата на други успешни родители, политичари и спортисти. Таму нема глупави и љубоморни селски деца, туку паметни кои знаат која е пејачката Дара Бубамара. Тоа се деца кои велат „Твојата мајка е супер!“ Мојот Коста за навредите кои се упатени на моја сметка, би дошол во ситуација некому да му залепи шлаканица и би му рекол: „Не ми се обраќај повеќе“. Коста е психички силен, ги знае сите проблеми кои ги има неговата мајка. Отворено разговараме, им изјави Дара Бубамара на новинарите. Д.М. фото:Инстаграм