EPA-EFE/RHONA WISE

Актуелниот НБА вицешампион Бостон го суспендираше својот прв тренер Име Удока (45) за целата претстојна сезона 2022/23 поради „кршење на клупската политика“. Удока имаше „непристоен интимен однос“ со вработена во клубот што се коси со клупскиот кодекс на однесување, иако односот бил обострано доброволен. Во клупското соопштение се посочува дека одлуката за иднината на Удока во редовите на Бостон по завршување на следната сезона ќе биде дополнително донесена.

  • Им се извинувам на играчите, навивачите и на целата организација на Бостон, како и на моето семејство затоа што ги изневерив. Жалам што екипата ја доведов во толку тешка ситуација и ја прифаќам одлуката на клубот, изјави Удока.

Улогата на прв тренер во новата сезона на клупата на Бостон ќе ја извршува досегашниот помошник на Удока, Џое Мацуља.